Тимот на Тетекс продолжува активно да се подготвува за пролетната полусезона. Покрај неколкуте нови имиња, „Штофарите“ играат и пријателски средби во серија, за што подобра воиграност.

Денеска избраниците на Славчо Ѓеоргиевски триумфираа со високи и убедливи 8:1, над нисколигашот Воска.

Стрелци на головите беа Бојан Михајловски, Силвио Ангеловски, Мирослав Јовановски, Ринор Ајдини, Димитар Иванов и Александар Пановски.

 

sportmedia.mk