logo
logo
logo

Тешки дебакли на Мундијалот во Шпанија: Холанѓанките во два меча постигнаа 113 погодоци

Vecer | 05.12.2021

Тешки дебакли на Мундијалот во Шпанија: Холанѓанките во два меча постигнаа 113 погодоци

Групната фаза на Светското женско ракометно првенство кое се одржува во Шпанија, засега го одблежуваат дебаклите на земјите аутсајдери. Денеска дури пет репрезентации доживеаја тешки порази.

Серијата на убедливи победи, прва ја отвори Шведска го совлада Порто Рико со 48-10 за втора победа во групата Д и обезбеден пласман во следната рунда. Во истата група Холандија беше подобра од Узбекистан со 17-58. Ракометарките на оваа земја во два меча постигнаа 113 голови што говори за немоќта на противниците во оваа група.

Норвешка исто така немаше милост, против Иран беше подобра со 9-41. Чудно, но вистинито ракометарките на Иран постигнаа само три гола во првото полувреме. Во истата група Ц, Романија исто така беше убедлива против Казахстан (38-17), заедно со Норвежанките го заверија билетото за главната рунда.

Кога сме кај убедливите победи, тука се Србинките, не видоа мака со Камерун, беа подобри со 43-18, останаа на лидерското место во групата Б.

До прва радост дојде Црна Гора, по поразот од Словенија, екс-вардарката Јованка Радичевиќ и нејзините соиграчки ја победија Ангола со 30-20. Во групата А, лидер е Франција, на сметка на Словенија дојде до вториот триумф и веќе е патник во следната рунда. Нзе Минко со пет гола беше прв стрелец, Варагиќ на другата страна заврши со шест гола.

РЕЗУЛТАТИ: Шведска – Порто Рико 48-10, Полска – Русија 23-26, Романија – Казахстан 38-17, Словенија – Франција 18-29, Узбекистан – Холандија 17-58, Црна Гора – Ангола 30-20, Иран – Норвешка 9-41, Србија – Камерун 43-18.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk