logo
logo
logo

ТЕРМИНАТОР: Халанд на 20 години има повеќе голови во ЛШ од Зидан, Назарио Роналдо, Роналдињо, Тоти...

Vecer | 10.03.2021

ТЕРМИНАТОР: Халанд на 20 години има повеќе голови во ЛШ од Зидан, Назарио Роналдо, Роналдињо, Тоти...

Едноставно ТЕРМИНАТОР. Чудо од дете кое со само 20 години просто “дрма“ во Лигата на Шампионите. Младиот офанзивец на Борусија Дортмунд, Норвежанецот Ерлинг Халанд вчера против Севиља постигна два гола и сигна до бројката од 20 погодоци во својата кариера во најелитното клупско светско натпреварување.

Колку е тоа значајно, колку се тие 20 голови, еве еден податок. Зинедин Зидан, Назарио да Лима Роналдо, Роналдињо, Лукаку, Тевез, Тоти и уште многу други кои се веќе во „пензија“ или играат уште, немаат 20 голови постигнато во Лигата на Шампионите.

Халанд со вчерашните два гола достигна уште еден рекорд. Тој тие 20 голови ги постигнал на само 14 мечеви во ЛШ! Какво епско достигнување. Тој во историјата на ЛШ најбрзо дошол до таа бројка од 20 голови. На Хари Кејн му требаа 24 меча за да дојде до тие 20 голови, кој е втор на оваа листа.

А, каде се Роналдо и Меси?

Е, па, не се на оваа листа, или се но многу далеку, далеку зад ТЕРМИНАТОРОТ од Норвешка.

Од фудбалското ЧУДО од ДЕТЕ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk