logo
logo
logo

Тензии во шпанската репрезентација: Фудбалерите на Реал и Барса тренираат одвоено

Vecer | 22.03.2023

Тензии во шпанската репрезентација: Фудбалерите на Реал и Барса тренираат одвоено

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид не комуницираат меѓу себе за време на собирот на шпанската репрезентација пред старот на квалификациите за ЕП 2024, објавија локалните медиуми. Пред неколку дена Барса го победи против Реал со 2:1 во „Ел Класико“ пресметката во Ла Лига и дојде до предност од 12 бода на табелата.

По натпреварот Гави и Алехандро Балде од Барселона, како и Дани Карвахал, Начо и Дани Себаљос од Реал Мадрид се упатија кон националниот тим. Како што пренесуваат шпанските медиуми, фудбалерите на двата најголеми клуба тренирале одвоено за да избегнат евентуална тензија.

Реал беше особено незадоволен од однесувањето на 18-годишниот Гави. Некои искусни играчи на Реал веќе стапиле во контакт со своите колеги од Барселона и се пожалиле на однесувањето на големиот шпански талент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk