logo
logo
logo

Тен Хаг: Требаше да постигнеме повеќе голови

Vecer | 26.05.2023

Тен Хаг: Требаше да постигнеме повеќе голови

Екипата на Манчестер Јунајтед ќе биде дел од следната Лига на Шампиони сезона откако вчера и официјално се пласираше во неа по победата над Челзи од 4:1. Јунајтед во финишот на сезоната заигра како што треба, обезбеди бодови на поголемиот дел од мечевите и тоа се одрази и на конечниот пласман.

Што се однесува до вчерашниот меч тимот и тоа како издоминира во дуелот со противникот и може да жали што вистински не го понижи со оглед на фактот што промаши десетина зицер ситуации.

„Сакавме да победиме и покажавме победнички став. Челзи има извонредни играчи, но ние бевме навистина добри во контра нападот, бевме навистина опасни. Како резултат на тоа, успеавме да постигнеме четири гола. Требаше да постигнеме повеќе, но и тие можеа да постигнат гол. Сè уште можеме да завршиме на третото место во Премиер лигата оваа сезона. Важно беше да ја задржиме концентрацијата и во исто време да не дозволиме повреди“, изјави менаџерот на Јунајтед Ерик Тен Хаг.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk