logo
logo
logo

Тажна вест од НБА: Почина еден од најголемите во историјата

Vecer | 22.03.2021

Тажна вест од НБА: Почина еден од најголемите во историјата

Доцна попладнево од САД дојде тажна вест. Почина Елџин Бејлор, еден од најголемите легенди во НБА и ЛА Лејкерси.

“Засекогаш ќе биде дел од нашето семејство“ објавија од страна на Лејкерси, актуелните шампиони во НБА.

Бејлор почина на 87 години.

Играше само за Лејкерси, уште од 1958 година и тоа во времето кога овој тим беше во Минеаполис. Со нив се пресели во Лос Анџелес. Беше 11 пати учесник на ОЛ – стар.

Помладите го паметат како оперативец на ЛА Клиперси.

Иако важи за еден од најголемите во историјата, интересно е тоа што никогаш не освои “прстен“ со Лејкерси, иако играше дури во 8 финалиња во НБА, од кои дури против Бостон Селтик.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk