Келн и официјално објави дека остана без симболот на клубот, симболот на Бундеслигата. Имено јарецот Хенес VIII кој долги години беше маскота на клубот е успиен и тоа од здравствени причини. Јарецот беше главна атракција на мечевите на Келн од 2008 до 2019 година, фановите го поистоветуваа клубот со него. Се верува дека на Келн му носеше среќа кога беше најпотребно. Инаку во историојата на Келн ова беше осмиот јарец Хенес, кој беше маскота на клубот. Се очекува дека наскоро на сцена ќе стапи и следниот Хенес.

Си замина нашиот симбол. Со тебе ги делевме поразите, победите, подемите, падовите, среќата и тагата. Сеокогаш ќе бидеш дел од нас. Ти беше најверниот навивач, нашиот симбол“ е една од пораките на фан на Келн.

sportmedia.mk