logo
logo
logo

Татран Прешов ја продлабочи кризата во Е.Пелистер

Vecer | 03.04.2021

Татран Прешов ја продлабочи кризата во Е.Пелистер

Е.Пелистер не успеа да стави крај на лошата низа и да излезе од кризата. Македонскиот тим го запиша вториот пораз во СЕХА-лигата, на гостувањето кај Татран Прешов беше совладан со 32-28 (16-14). Со овој пораз битолскиот тим испушти шанса да застане на лидерското место во групата, па останува на второто место.

Првото полувреме мина во знакот на домашниот состав, по 4-4, ракометарите на Татран со серија од 3-0 поведоа со 7-4. Највисоката позитива беше четири гола (15-11 и 16-12), на одморот битолчани имаа негатива од 16-14.

Се мачеа битолчани и по одморот, бркаа негатива од три гола, тоа им успеа на средината на второто полувреме, изедначија на 22-22. Татран не попушти, ги казнуваше грешките на Е.Пелистер, во последните десет минути влезе со плус четири (28-24). Во 55. минута, Чаневски успеа да фати седмерец, на другата страна Периќ доближи на 30-28, но немаше сили за целосен пресврт.

Периќ со 10 гола беше прв стрелец, Мандалиниќ запиша седум од 15 обиди.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk