logo
logo
logo

Татко му ги скара Партизан и Ц. Звезда, а тој е легенда во Тајланд!

Vecer | 05.02.2021

Татко му ги скара Партизан и Ц. Звезда, а тој е легенда во Тајланд!

Марио Ѓуровски, некогашниот македонски репрезентативец е вистинска легенда во Тајланд. Во интервју за “Мондо“, тој покрај друго кажува за својата тренерска кариера, која е на почеток, во Тајланд, за тоа играчките моменти и секако за односот со својот татко, Милко Ѓуровски, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија.

Јас на 35 години станав тренер во Мунгтонг, во тимот каде што играв долго време. Искрено планирав да играм до својата 37-38 година, но повредата ме натера да мислам што и како понатаму со мене. Пред крајот на мината година ненадејно седнав на клупата на мојот омилен клуб, се надевам дека ќе почнеме да се дигаме кон врвот на табелата во шампионатот на Тајланд. Преферирам офанзивен, напаѓачки стил на игра. Јас сум горд што на 35 години добив шанса да бидам прв тренер на најголемиот клуб во таа земја“ вели Марио кој е познат по своето урнебесно радување кога ќе ја тресеше мрежата на ривалот.

За нашата најдобра репрезентација забележа 12 настапи, беше стрелец на два гола.

За својот татко Милко Ѓуровски, кој беше една од најголемите фудбалски ѕвезди во некогашна СФРЈ, Марио вели.

Не можам да кажам дека некогаш имавме којзнае каков добар однос. Растев без него во своја близина. Но како што минуваат годините нашите контакти се интензивираат. Ми кажувале каков фудбалер бил, кога бев помал на улица ме застануваа и ми викаа Милко место Марио. Сум слушал за тоа како ги скарал Партизан и Ц. Звезда кога направил трансфер од Маракана на ЈНА. Често ги гледав порано касетите со неговите натпревари, сега тоа истото го правам заедно со моите деца. Сакам да им покажам каков фудбалер бил нивниот дедо, знаеме и да се пошегуваме на негова сметка“ потенцира Марио Ѓуровски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk