logo
logo
logo

Татабања шанса за нова победа на Е.Пелистер во Европската лига

Vecer | 10.02.2021

Татабања шанса за нова победа на Е.Пелистер во Европската лига

Е.Пелистер денеска (17 часот) го игра првиот од двата дуели против Татабања во рамките на Европската лига. Битолскиот состав е домаќин на двете средби со унгарскиот тим, кој се наоѓа на последното место на табелата во групата Д, има четири порази во исто толку натпревари.

Токму слабото издание на противникот, но и предноста на домашен терен ги прави Жељко Бабиќ и неговите избраници фаворити на оваа средба. Е.Пелистер во составот ќе го има новиот голман, Карим Хендави, кој на СП во Египет покажа дека може да биде вистинско освежување.

Бабиќ и на оваа средба нема да може да смета на сите ракометари, повредите и натаму прават проблем, но широкиот ростер му дозволува да „скоцка“ тим кој ќе ја донесе втората победа во европското клупско натпреварување.

„Треба да бидеме трпеливи, мудри и храбри за да го превртиме натпреварот во наша полза. Верувам дека Кушан веројатно ќе игра. Има проблеми со коленото, но медицинскиот тим е оптимист дека ќе игра. Карим ќе игра, ќе ни се приклучи, и Вегар треба да биде во тимот. Не патуваше со нас во Загреб заради повреди со рамото, но ќе биде спремен. За Велковски не можам категорички да кажам, но сигурно ќе имаме 2-3 замени од ростерот кој играше во Загреб. Тешко прашање е кој колку ќе игра и ќе ни помогне. Имаме еден професионален однос, играчите се одговорни и сите работиме да ги победиме следните натпревари“, изјави Бабиќ.

Е.Пелистер одигра пет меча, има победа, реми и три порази.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk