logo
logo
logo

Тарабокија заврши со дислокација на рамото, се чекаат дополнителни прегледи

Vecer | 27.03.2021

Тарабокија заврши со дислокација на рамото, се чекаат дополнителни прегледи

Задоволството од првата победа на Металург денеска падна во сенка на сериозната повреда на Марко Тарабокија.

Страдаше лактот и чашката на левата рака на Тарабокија, кој со амбулантно возило беше префрлен в болница. Во меѓувреме се направени првите зафати по утврдената дислокација на рамото и најверојатно, сепак, не се работи за фрактура, што е подобрата варијанта. Но, по местењето на лактот повторно ќе му биде снимена раката, со цел да се види евентуална површинска фрактура, честа при вакви повреди.

Засега нема прогноза колку долго ќе биде отсуството на Тарабокија, но прашање е дали Металург ќе може да смета на овој извонреден ракометар до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk