logo
logo
logo

Талески: Кире ни даде едноставен совет! Критиките секогаш се добредојдени!

Vecer | 12.03.2021

Талески: Кире ни даде едноставен совет! Критиките секогаш се добредојдени!

Данска падна на колена во Скопје. На првиот меч по одбраната на светската круна, Микел Хансен и неговите соиграчи го положија „оружјето“ пред Кирил Лазаров и неговите избраници. Момент кој за нас Македонците ќе биде запишан во историјата на македонскиот ракомет.

Токму затоа на оваа тема ќе се пишува уште долго време. Меѓу најдобрите во триумфот беше Филип Талески. По бројните критики испратени на негова сметка, конечно блесна и тоа без грешка. Постигна пет гола од исто толку обиди, во дебито на Лазаров како селектор.

„Секоја критика е добредојдена и треба добронамерно да ја сфатиме. Некои работи се кажуваат во еуфорија. Имашеи погрдни коментари после некои натпревари. Сепак, ги разбирам како е од навивачки аспект и желбата што сакаат да видат на терен за она што треба да го покажеме. Против Данска покажавме дека знаеме, дека можеме и дека оваа Македонија има надеж и оваа Македонија го нема покажано своето најдобро. Постојат многу години пред нас во кои мораме да работиме макотрпно и да го слушаме нашиот нов селектор. На неговото деби се виде дека секоја тактика која ја има подготвено е паметна и добра за нас. Мислам дека со секој противник ќе има таква добра тактика, а ние ќе треба да го спроведеме тоа на терен. Очекувам да биде позитивно како вчера на натпреварот“, рече Талески.

Пред денешниот тренинг Талески откри каков совет добиле од Кире.

Пред почетокот на натпреварот ни рече уживајте, нема што да се загуби, можеме да добиеме само многу и тоа не терен го покажавме. Влеговме опуштени, со цел да се надигруваме со сите ѕвезди како Хансен и останатите, едноставно не можеш да избереш кој е подобар. Во текот на целиот меч во глава ни беше советот на Кире, да уживме и да се надмудруваме со нив, на крајот изелзе еден добар резултат“, изјави Талески, кој додаде:

„Лазаров ни ја даде довербата, ние ја искористивме на максимален начин. Претходно сите тројца, заедно со Кузмановски и Велковски не се погодивме во исто време на терен, сега ја оправдавме довербата и му дадовме на знаење дека може да смета на нас“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk