logo
logo
logo

Талентот на Ајакс потпиша за Ред Бул Лајпциг ама не сака да оди во Германија (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2021

Талентот на Ајакс потпиша за Ред Бул Лајпциг ама не сака да оди во Германија (ВИДЕО)

Брајан Броби, големиот талент на тимот на Ајакс пред неколку месеци потпиша договор за трансфер во тимот на Ред Бул Лајпциг. Еден од најголемите европски таленти е воден од страна на Мино Раиола, контроверзниот менаџер, кој нормално имаше главен збор во овој трансфер.

Сепак, работите во моментот не одат како што треба. Имено, играчот но и Раиола, инсистирале на странсфер во Лајпциг првенствено затоа што во тој клу е тренер Џулиан Наглесман. Но, тој од лето е нов кормилар на Баерн Минхен, па Броби едноставно сега не сака да замине за Германија и не сака да игра за Ред Бул Лајпциг. Тоа отворено го кажал, па сега двата клуба мора да се договорат што понатаму.

Нормално дека Ајакс нема ништо против да го задржи и понатаму, а Ред Бул пак во никој случај не би сакал во своите редови да има несреќен играч.

„Нашиот директор Марк Овермарс веќе работи на повратен трансфер на Броби“ – изјавија од Ајакс.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk