logo
logo
logo

Таков ли шампион ќе имаме: Шкендија по 296 минути конечно постигна гол!

Vecer | 15.03.2021

Таков ли шампион ќе имаме: Шкендија по 296 минути конечно постигна гол!

Сите се сложуваат. Оваа Шкендија е далеку, многу далеку од тоа што беше пред две години, па и повеќе. Оваа Шкендија веројатно ќе биде шампион, но само поради (не)квалитетот на останатите екипи, а не поради фактот дека тетовци играа шампионски.

Како поинаку може да се каже, ако се знае дека вчера лидерот во 88.минута преку Валмир Нафиу постигна гол за победа над Пелистер. Слатка победа, но никако не и заслужена. Само среќата што ја имаа тетовци и лошата реализација на гостите се причините зошто Пелистер вчера не победи.

Како можеме да кажеме дека тетовци се шампионски тим ако се знае дека постигнаа гол дури по 296 пост. Малку недостигаше, само две минути па да и во третиот меч во серија Шкендија не успее да ја затресе противничката мрежа. Навистина несфатливо, да имаш такви играчи во нападот а да не можеш да погодиш дури 296 минути.

Нападот оваа пролет е очаен. Само пет голови на исто толку мечеви. Во просек по еден гол на секој натпревар. Тоа е очајна статистика. Некогаш, не така во далечното минато, кога Шкендија играше не се поставуваше прашањето дали ќе победи или ќе даде гол, туку со колкава разлика ќе го смачка својот ривал. Па така сезоната се завршуваше со над 100 постигнати голови, или во просек по повеќе од три голови по натпревар.

Но сега не е така. И тоа е поради фактот дека Шкендија нема игра, никаква игра. Нема напади во бранови, нема шанси, затоа нема голеади.

Па не е само Бесарт Ибраими виновен што еве му се собра седмиот меч во серија, а тој не може ниту да го помириса противничкиот гол.

А станува збор за најдобриот голгетер во историјата на ПМФЛ во Македонија.

А, вчера да не беше Нафиу….

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk