ТАКА Е: Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изнуди пенал и постигна гол во триумфот над Ерменија по кои „црвено-жолтите" ја продолжија серијата од девет натпревари без пораз.

Македонија победи со 2:0 и се зацврсти на првото место во Групата 4 од Лигата на нации.

- Тоа е најважно. Во минатото игравме добро и со силни репрезентации, а на крајот останувавме без бодови. Дојде време оваа селекција де реди победи. Имаме квалитет и искуство и во не многу убава игра за око, на крајот на ги освојуваме бодовите. А тие се најважни. Играта се заборава, резултатот останува, изјави Пандев.

Вториот натпревар од втората рунда во оваа група се игра вечерва и во него Лихтенштајн е домаќин на Гибралтар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари