logo
logo
logo

Tајсон објави нова борба на крајот на мај

Vecer | 18.03.2021

Tајсон објави нова борба на крајот на мај

Некогашниот светски боксерски првак Мајк Тајсон на крајот на мај повторно ќе влезе во рингот.

Тој кам-бекот по 15 години го имаше на крајот на ноември минатата година против Рој Џонс кој заврши без победник.

Легендарниот 54-годишен боксер изјави дека повторно излегува на рингот на крајот на мај, но не го откри името на противникот.

„На крајот на мај повторно ќе се борам, на 29 или 31. не знам точно кога ќе биде и тоа на истиот ринг каде што ти се бореше“, изјави Тајсон во разговор со мексиканскиот првак Канела Алварез.

Тоа значи дека борбата ќе биде на „Хард рок“ стадионот во Мајами.

Е сега името на противникот не се открива. Дали ќе биде реванш против Џонс, или против Евандер Холифилд кој исто така посака борба со „Железниот Мајк“ или тоа ќе биде некој трет ќе дознаеме наскоро.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk