logo
logo
logo

„Тајниот документ“ на Роналдо – последниот клинец во ковчегот на Јувентус?

Vecer | 04.12.2022

„Тајниот документ“ на Роналдо – последниот клинец во ковчегот на Јувентус?

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо побарал од Јувентус да му плати речиси 20 милиони евра, пишува италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Роналдо се повика на „тајниот документ“ што го потпиша со Јувентус, во кој клубот му вети на неговиот поранешен фудбалер 20 милиони евра, и покрај тоа што најави корекции на платите за време на екот на пандемијата на коронавирус.

Фудбалерите на Јувентус не се откажаа од целосната плата за време на екот на пандемијата во март 2020 година, но клубот објави дека им биле исплатени три наместо четири месеци откако потпишале приватни документи со клубот.

„Роналдо јавно кажа дека се согласил на намалување на платата, но тајно потпишал договор со кој му гарантира оваа сума, дури и во случај да го напушти клубот. Роналдо побарал од адвокатите да ја проверат ситуацијата и да ја проучат финансиската состојба на Јувентус пред да поднесат барање“. наведува „Газета дело спорт“.

Пред неколку дена, Италијанската фудбалска федерација покрена истрага против челниците на Јувентус поради сомневање дека вршеле незаконски плаќања на играчи во 2020 и 2021 година, за време на пандемијата на коронавирус.

Раководството на клубот на чело со претседателот Андреа Ањели поднесе оставка, а за претседател на Јувентус е назначен Џанлука Фереро.

Роналдо играше за Јувентус од 2018 до 2021 година и моментално е слободен играч. Со репрезентацијата на Португалија е на Светското првенство во Катар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk