logo
logo
logo

Тајгер Вудс: Не се сеќавам на несреќата, ниту дека сум го возел автомовилот

Vecer | 07.03.2021

Тајгер Вудс: Не се сеќавам на несреќата, ниту дека сум го возел автомовилот

Најгобриот голф играч на денешницата, Тајгер Вудс пред десетина дена доживеа тешка сообраќајна несреќа која едвај ја преживеа. Се здоби со многу лоши повред, особено на нозете, каде што имаше два отворени преломи на коските, а особено страдале неговите зглобови. Лекарскиот тим објави дека мускулните ткива му отекле, и дека морало да се интервенира.

Вудс по шокот, за прв пат даде кратка изјава во која рече, „воопшто не се сеќавам на сообраќајката, воопшто не се сеќавам дека сум го возел автомобилот“ – рече тој.

Неговата професионална кариера како голф играч многу веројатно е готова, затоа што повредите со кои се здоби се многу лоши и ќе треба долг период за да се опорави од нив.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk