logo
logo
logo

Таблоидите во Србија објавија, заврши љубовта на Николов и Зорана

Vecer | 05.06.2021

Таблоидите во Србија објавија, заврши љубовта на Николов и Зорана

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов може во мир да се подготвува за претстојното Европско првенство каде што нашата репрезентација ќе учевствува за прв пат. Нема да има кој да го деконцентрира. Барем така тврдат таблоидите во соседна Србија, кој велат дека неговата љубовна врска со модната блогерка Зорана Јовановиќ е завршена. Јовановиќ ова и самата го потврди, велејќи дека одамна нема сериозен контакт со нашиот репрезентативец којс ега е дел од тимот на Лече во Италија и каде што Зорана воопшто не го посетила.

Таа тврди дека сеуште добива пораки од Николов, но дека нема намера повеќе да има било што со него.
Па така, и нам сега ни е полесно, можеме да сметаме дека Николов комплетно ќе биде сконцентриран на она што следува и дека нема да има дополнителни проблеми со некаква си блогерка од Србија.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk