КУП НА МАКЕДОНИЈА ВО КОШАРКА

Таблата се скрши, се расипа меракот

Стартот на завршницата од Купот во кошарка за преодниот пехар на "Вечер" во салата "Младост" во Битола, почна со проблеми.

На продолженото загревање (60 минути) Оканти Двејн (Фени Индустри) ја скрши таблата и го одложи почетокот на четвртфиналниот меч Вардар О - Фени Индустри (90:58). Го расипа и расположението меѓу гледачите на преполните трибини, посебно на фановите на прегреаните битолчани од она што во паузите го демонстрираа танчарките од Србија, бидејќи нивниот тим С. Пелистер, во вториот натпревар на вечерта загуби од Ф. Работнички (70:76).

- Немавме искуство и кошаркари за ваков куп натпревар, иако срцето го оставивме на паркетот, кусо ја прокоментира елиминацијата на С. Пелистер тренерот Зоран Тодоровиќ.

Славчо ТРОШАНОВСКИ
ФОТО: Влатко Перковски

Поврзани

Најнови вести

Коментари