logo
logo
logo

Т.Пролет по дуелот со Е.Пелистер: Заслужен пораз и судиска фарса во Битола

Vecer | 07.04.2021

Т.Пролет по дуелот со Е.Пелистер: Заслужен пораз и судиска фарса во Битола

Т.Пролет не беше ниту одблиску до сенација во Битола против Е.Пелистер, беше убедливо совладан со 26-17. Ова беше меч во кој домашниот табор целосно доминираше. По завршување на натпреварот, од Т.Пролет го признаа поразот, но и имаше забелешка за судиите.

„Тинекс Пролет претрпе очекуван и заслужен пораз од 26-17 на дуелот со Еурофарм Пелистер, меч што го одбележа катастрофалната арбитража на судиската двојка Трајковски – Вукашиновски, се со цел апсоулутно непотребно да се ослаби нашиот тим во финишот од меч чиј победник веќе беше решен.

Триумфот на битолчани е апсолутно заслужен и без никаква дамка, одраз на разлика во искуство и квалитет на двата тима. Сепак, во ситуација на крајно мирен и спортски натпревар останува нејасно која беше потребата судиите да стапат на сцена во 49. минута, најпрвин да му покажат директен црвен картон на капитенот Ласко Андоновски, а веднаш потоа за приговор син картон да добие и Дејан Пецаковски, еден од најискусните ракометари во нашиот табор“, се вели во текстот на официјалниот сајт на Т.Пролет.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk