logo
logo
logo

Т. Пролет го доби малото скопско дерби со Бутел

Vecer | 11.04.2021

Т. Пролет го доби малото скопско дерби со Бутел

Ракометарите на Т. Пролет минимално со 22:21 славеа над Бутел во последниот денешен меч од 5. коло во плеј-оф делот од Суперлигата. Во драматичен и крајно возбудлив меч, домашните успеаја да останат посмирени во завршницата и да ја задржат предноста која им донесе трета победа во плеј-оф делот.

Дека ќе гледаме возбудлив меч до самиот крај покажа и првото полувреме кое заврши нерешено, 10:10. Т. Пролет одлично отвори во вториот дел, направи предност од неколку гола, по што Бутел се обидуваше да се врати во егал. Најдобар реализатор кај домашните беше Пецаковски со 6 гола, а исто толку гола кај Бутел постигна Мајиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk