КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛ ЗА СП 2018

Свирежи за Италија, бод за Македонија

Иако ја имаа улогата на апсолутен аутсајдер, избраниците на Игор Ангеловски не беа надиграни на "Олимпискиот" стадион во Торино и сосема заслужено непријатно го изненадија комбинираниот тим на Италија

Голем, историски бод во квалификацискиот дуел против четрикратниот светски шампион, селекцијата на Италија, освоија фудбалските репрезентативци на Македонија.

Иако ја имаа улогата на апсолутен аутсајдер, избраниците на Игор Ангеловски не беа надиграни на "Олимпискиот" стадион во Торино и сосема заслужено непријатно го изненадија комбинираниот тим на Италија.

Домаќинот дојде во водство во самиот финиш од првото полувреме со погодокот на Џорџо Киелини, но во 77 минута, на 1:1 израмни крилниот напаѓач на Палермо, Александар Трајковски.

И покрај историското реми, Македонија е предпоследна во групата "Г", додека селекцијата на Шпанија обезбеди директен пласман на СП во Русија.

Резултати: Лихтенштајн - Израел 0:1, Италија - Македонија 1:1, Шпанија - Албанија 3:0. Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0 бодови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари