Американката Микаела Шифрин освои златен медал на Светското првенство во алпски дисциплини што се одржува во италијанскиот Кортина д’Ампецо. Шифрин заврши трета во Супер-џи со време 1:22.17 минути, а победничка беше Федерика Брињоне. Меѓутоа во слаломската трка Шифрин го освои првото место со време 2:07.22, додека втора беше Петра Влхова со заостанување од 86 стотинки. Влхова беше дури седма во Супер-Џи. Брињоне не успеа да ја заврши втората трка и затоа остана без медал и без пласман.

Конечниот поредок во алпска комбинација: Шифрин прва, Влхова втора, а бронзата замина во Швајцарија за Мишел Гисин.

sportmedia.mk