logo
logo
logo

Светски куп: Триумф на Влхова на домашен терен, победа на Одермат во Австрија

Vecer | 07.03.2021

Светски куп: Триумф на Влхова на домашен терен, победа на Одермат во Австрија

Словачката скијачка Петра Влхова триумфираше денеска на велеслаломот од рамките на Светскиот куп што се одржа во нејзината татковина и тоа во местото Јасна. Влхова постави време од 2:16.66 што е за 0.16 секунди подобро од времето на Алис Робинсон од Нов Зеланд и 0.37 секунди од Американката Микаела Шифрин.
Да кажеме дека Шифрин победи вчера во слаломската трка во Јасна, додека Влхова беше втора.

Следните натпревари се во шведски Оре на 12 и 13 март.

Во машка конкуренција денеска се одржаа натпреварите во супервелеслаломот со триумф на Швајцарецот Марко Одермат на пакетата во австриски Залбах-Хинтерглем. Втор беше Бале од Франција, а трет Крихмаер од Австрија.

А вчера во спустот на истата патека победи Крихмаер, а Фојц беше втор додека третото место му припадна на Матијас Маер.

Следните возбудувања се во Крањска Гора, Словенија на 13 и 14 март.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk