Јапонската јавност е огорчена и настроена во моментов со огромни критики кон сумо федерацијата затоа што почина Мицуки Амано, попознат како Хибикирју, борач во ова вешттина почина по една борба. Поточно, му беше скршен вратот. По рехабилитацијата од речиси еден месец, во која што тој наводно се опоравил и почнал да оди самостојно состојбата нагло му се влошила и тој починал.

Сумо федерацијата, не инсистира на лекарски тим на сумо борбите, па откако се случил инцидендтот, лекарите пристигнале неколку минути подоцна, очигледно фатални по животот на 28. годишниот млад спортист.

Сега, јавноста во Јапонија бара одговорност, а со оглед на тоа како оваа држава функционира веројатно ќе има огромен број на оставки, тужби и судски процеси.

 

sportmedia.mk