logo
logo
logo

Судијата кој не го „виде“ голот на Роналдо во Белград доби жестока казна

Vecer | 13.04.2021

Судијата кој не го „виде“ голот на Роналдо во Белград доби жестока казна

Марио Дикс, линискиот судија кој ја „преспа“ ситуацијата со непризнаениот гол на Кристијано Роналдо на мечот меѓу Србија и Португалија во Белград е казнет од страна на Судиската комисија на Холандската фудбалска федерација. Дикс доби забрана да суди натпревари на Европското првенство кое ќе се одржи летоска. Дикс беше дел од холандската „бригата“ на чело со главниот арбитар Дани Макели, но сега тој е тргнат и на негово место ќе биде назначен друг судија кој ќе биде дел од ЕУРО 2020 ова лето.
Да потсетиме во последната минута од квалификацискиот меч во Белград, Роналдо ја испрати топката во празниот гол, а српскиот играч ја исфрли во поле. Дилемата беше дали е погодок или не. Голот не беше признат поради што се крена прашина затоа што на повторената снимка се гледа дека топката ја минала гол-линијата. Страничниот судија покажа дека тоа не е гол, а поради тој гаф Португалците не стигнаа до целиот плен (2:2).
Според информациите од Холандија Дикс имал и други пропусти во работата, а ова било само цреша на врвот на тортата. Затоа тој е исклучен од судискиот тим на Макели.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk