logo
logo
logo

Судиите во Премиер лигата во иднина ќе плаќаат казни за лошо судење

Vecer | 26.02.2021

Судиите во Премиер лигата во иднина ќе плаќаат казни за лошо судење

Судиите кои ги судат натпреварите во Премиерлигата, може да бидат принудени да плаќаат казни за своите грешки.

Според „Дејли Меил“, во најлошото сценарио, ваквите казни можат да достигнат и до 58.000 евра. Главниот судија во англиската Премиер лига заработува основна плата, која се движи од 126.000 до 138.000 евра, но токму бонусот за перформанси може да ја зголеми оваа бројка од 183.500 на 198.000 евра.

Според изворот, судиите ќе добијат оценки за секој отсуден натпревар. Оценките ќе се движат од 0 до 10, а потоа, во зависност од квалитетот на судењето, бонусите ќе бидат кратени. Во нацртот се наведува дека судијата на крајот од сезоната ќе треба да постигне просечна оценка 8,4 за да ја добие целата сума што сега му следува во форма на судиски такси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk