logo
logo
logo

Судиите и контролорите ги завршуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната во МФЛ

Vecer | 12.02.2021

Судиите и контролорите ги завршуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната во МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија во Велес го организираше заедничкиот семинар за судии и контролори за пролетниот дел од натпреварувачката сезона во МФЛ.

Семинарот во хотел „Романтик“, им послужи на судиите и контролорите за евалуација на нивната досегашна работа, колку и на кој начин бележеа напредок во периодот од претходниот семинар.

Судиите беа тестирани низ видео анализа за разни ситуации од натпреварите, фитнес тестови и профилни интервјуа, а целосната анализа од резултатите им беше презентирана на учесниците на семинарот за да можат дополнително да напредуваат преку стручна едукација и програма за физички тренинг.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cx6YszfVoEk[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk