Одредени се судиите за 33. или последно коло во тековниот шампионат во ПМФЛ. На мечот Ренова – Работнички главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје, инаку овој меч се игра во Гостивар. На големото дерби меѓу Шкендија и Шкупи, арбитар ќе биде Ндерим Тефику од Куманово. Додека во Кратово, каде се очекува да биде супер интересно на мечот меѓу Силекс и Струга Трим Лум, правдата ќе ја дели Крумислав Ѓорѓиев.

ДВОЈКИ И СУДИИ – НЕДЕЛА (16 Ч)

ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА (К. Смоквоски – Прилеп)

А.ПАНДЕВ – БОРЕЦ (С. Трпчевски – Кавадарци)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (А. Ставрев – Скопје)

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ (К. Ѓоргиев – Штип)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (Ф. Идризи – Тетово)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (Н. Тефику – Куманово)

sportmedia.mk