logo
logo
logo

Суарез за траумите во Барселона

Vecer | 05.02.2021

Суарез за траумите во Барселона

На Луис Суарез не му беше потребно многу време за да се навикне на новата средина. 34-годишниот фудбалер во Атлетико Мадрид ја доживува втората младост.

Сепак, траумите кои ги помина во Барселона летоска тешко се забораваат.

„Откако Барселона ми стави до знаење дека не смета на мене започнаа преговорите со Атлетико. Сакав да ја донесам најдобрата одлука за мене и за моето семејство. Беше тешко да се преброди начинот на кој се разделивме.

Тие ме презираа. Мојата сопруга и децата беа сведоци колку тажен ја напуштам куќата и одам на тренинзите. Се обидов да им ја најавам промената без да создадам проблеми”, рече Суарез.

Суарез брзо ја врати насмевката по доаѓањето во Атлетико.

„По тажните денови кога ја напуштив Барселона, дојдов во клуб кој се бори за важни работи. Почувствував дека сакаат да им помогнам“, рече Суарез.

Тој од стартот на сезоната на 20 меча во сите натпреварувања постигна 14 погодоци, сите во шампионатот. На овој начин му помогна на тимот да осамни на челото на табелата во Ла Лига.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk