logo
logo
logo

Суарез на „Камп Ноу“ ќе „гризе“ за титула на Атлетико Мадрид, Меси треба да спречи такво сценарио!

Vecer | 08.05.2021

Суарез на „Камп Ноу“ ќе „гризе“ за титула на Атлетико Мадрид, Меси треба да спречи такво сценарио!

Барселона и Атлетико Мадрид денеска во 16:15 часот на „Камп Ноу“ ќе ги вкрстат копјата во Ла Лига, дуел кој можеби ќе биде одлучувачки за титулата во Шпанија.

Во центарот на вниманието денеска ќе биде Луис Суарез кој ќе сака одмазда над својот поранешен тим. Суарез кој беше избркан од таборот на Барселона, сега ќе „гризе“ за својот Атлетико да оствари победа, и да се доближи до титулата. Суарез остана пријател со играчите, но затоа има намера да се одмази на Роналд Куман затоа што по неговото доаѓање, беше првиот кој се ослободи од Уругваецот и го испрати во Атлетико.

Од друга страна одличната форма на Лионел Меси е адутот на Барселона за победа во овој дуел, што ќе биде важна за Барса во битката за титулата. Барса веќе „прокоцка“ многу бодови, па нема веќе право на грешка.

Барселона, на социјалните мрежи се посвети токму на Суарез. Постираше слика на фудбалерот, со порака: „Сега ривали, но засекогаш пријатели“.

Иако многумина сметаат дека овој дуел е одлучувачки, сепак, така не мисли страгетот на Барселона, Роналд Куман.

„Не знам дали резултатот од овој меч ќе одлучи за титулара, но сигурно ќе биде важен. Ако сакаш да бидеш шампион, мораш да го добиеш секој натпревар. Јас сум сигурен дека ако ги добиеме сите натпревари, ќе бидеме шампиони“, рече Куман кој за Луис Суарез вели дека ќе биде чудно да игра против Барселона.

„Ќе биде чудно за него и за нашите играчи. Но ние сме професионалци и сигурен сум дека фудбалерите ќе дадат се од себе“, додаде тренерот на Барселона.

Диего Симеоне вели дека неговиот тим денеска ќе има одличен противник.

„Се среќаваме со тим кој пропушти многу поени, но и тренер кој ја врши одлично работата и покрај сите случувања во сезоната. Се е можно денеска“, вели Симеоне.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk