logo
logo
logo

Струга ТЛ прво го победи Караорман, а со Охрид ја прекина “генералката“!

Vecer | 06.02.2021

Струга ТЛ прво го победи Караорман, а со Охрид ја прекина “генералката“!

Интересно беше денеска покрај Охридското еезеро, барем кога се однесува за Струга Трим Лум. Имено прво утринава момците на стратегот Срѓан Захариевски го совладаа Караорман со 3:0, стрелци на головите беа Османи, Салиу и Скендери, а попладне во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори“ против второлигашот Охрид, мечот беше прекинат од страна на стружани и тоа во второто полувреме. Тоа значи дека езерското дерби не се одигра докрај поради преголемата грубост на теренот. Имаше исклучување, црвени картони, а стружани се решија на ваков потег со намера да се спречи повреда кај некој од своите играчи ако се знае дека веќе за седум дена стартува пролетниот дел во ПМФЛ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk