Струга Трим Лум објави дека се договориле со тренерот Срѓан Захариевски за продолжување на соработката на уште една година. Струга е задоволна од работата на популарниот Срле посебно по историскиот успех на клубот и пласманот во новиот Купот на конференциите на УЕФА.

Захариевски е тренер на Струга од март минатата година, а претходно ги водеше Металург и Пелистер. Сега ќе ја води Струга на дебитантскиот настап во европските купови.

 

sportmedia.mk