Екипата на Струга Трим Љум победи во трката со Шкупи по играчот од средниот ред Бесмир Бојку. Поранешниот младински репрезентативец го напушти Фероникели и беше пред трансфер во Шкупи, меѓутоа во игра се вклучи и Струга и успеа да победи.

Бојку е поранешен играч на Шкендија, играше една сезона и за Шкупи (2015/16), како и за Работнички.

Тој ќе биде добро засилување за Струга за дебитантскиот настап во Европа, поточно во Конференциската лига.

sportmedia.mk