logo
logo
logo

Стручен коментатор – Ристо Магдинчев: Мора да се работи на психологијата кај овие момци!

Vecer | 17.01.2022

Стручен коментатор – Ристо Магдинчев: Мора да се работи на психологијата кај овие момци!

Македонија и во третиот меч на ова ЕП 2022 загуби. Вечерва против веројатно најквалитетниот состав во светот на ракометот, против Данска, нашите момци загубија со 21:31. За овој меч како што е и вообичаено, свој стручен коментар дава Ристо Магдинчев, специјално за читателите на „Спортмедиа“.

Па, нема што многу да се аанлизира, кажува. Од она што се виде сметам дека ова беше еден тренинг натпревар за Данска. Тие си го воигруваа и вторииот состав, се со цел да “извадат“ некој играч за мечевите во следната фаза. Но и покрај се Данска одигра максимално. Ние одигравме, барем според мене, колку да одиграме. Им се даде шанса на сите ракометари, целта беше јасна, сите да го почувствуваат ова ЕП што се вели. Затоа и на моменти имаше хокеарски замени“ вели Магдинчев.

И тој се сложува дека почетокот беше одличен за нас…

Да, да, апсолутно. Поведовме со 4:0, во тие моменти кај мене се роди надеж дека ќе биде подобро. Но не заборавајте дека во тие први мигови од мечот Митревски одбрани три зицери, и затоа таква разлика. За одбраната што да се каже, таа зона 5-1 едноставно не вроди со плод. Па не можам да сфатам дека Талески во одбрана не направи речиси ниту еден класичен фаул. Меѓу него, Мишевски и Кузмановски додека играше, противниците не пробиваа и тоа како. Во вториот дел Данска си одигра рутинирано, додека Македонија целосно падна, едвај чекавме да заврши натреварот“.

Магдинчев мисли, убеден е дека и покрај трите порази Македонија поседува квалитет, но недостига нешто…

Па ако со Словенија беше добро, бевме позитивно изненадени, тогаш во следните 120 минути беше… а што да кажам. И дефинитивно на овие момци им недостига тој менталитет, и дефинитивно мора да се работи на психологојата кај овие момци. Тоа е прво за селекторот што треба да преземе на следните мечеви. Имаме квлитет, имаме талент, млади момци, но тој пусти менталитет ни прави големи проблеми. Мора се види каде лежи проблемот“ рече на крајот нашиот стручен коментатор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk