Се чини толку му беше лутината на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо. Да потсетиме, во понеделникот поради недоволно залагање, барем така беше пренесено во медиумите, и незадоволен од односот на Елиф Елмас го избркал од тренингот. Но вчера се беше ОК. Македонецот го одработи тренингот, последен пред вечерашниот дуел со Лацио.

Дека нема “војна“ на релација Елмас – Гатузо, потврди и Дијамантот кој на својот Инстаграм профил објави фото како тој и тренерот се прегрнати.

sportmedia.mk