Мачни сцени го одбележаа мечот од третото коло од 29. коло од третата лига на Шпанија меѓу Кордоба и Расинг де Ферол. Во 10. минута од натпреварот српскиот стопер Драгиша Гудељ колабирал на тревникот и останал да лежи неподвижен, а неколку секунди подоцна на теренот се појавиле лекарскиот тим и возилата на брзата помош.

Овој 25-годишен дефанзивец, кој е брат на српскиот репрезентативец и играч на Севиља, Немања Гудељ, имал срцев удар, потврди локалниот медиум La Voz de Galicia.

Штом се освестил, Гудељ бил пренесен во блиската болница, а Кордоба пријавила дека моментално е во добра состојба. Потврдено е дека причина за падот е срцев удар, се чекаат дополнителни наоди.


sportmedia.mk