Страотна несреќа на меч од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Голманката на Битигхајм, Валентина Саламаха, можеше да доживее страшна повреда на мечот против Ференцварош од Лигата на шампионите. Во 55. минута од таа средба, азербејџанската интернационалка, трчајќи од клупата во обид да спречи гол, буквално се заби во стативата.

Саламаха може да биде среќна што не заработи посериозни повреди, иако мораше да биде изнесена на раце од нејзините колешки. Веќе на следниот натпревар против Кристијансанд беше во ростерот на Битигхајм и се врати на терените.

Извор: 24rakomet.mk

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари