logo
logo
logo

Стопанска банка - Битола донираше 1,5 милиони денари на ФК Пелистер

Vecer | 02.04.2021

Стопанска банка - Битола донираше 1,5 милиони денари на ФК Пелистер

ФК Пелистер денеска доби донација од 1,5 милиони денари од страна на Стопанска Банка – Битола, како резултат на соработката меѓу двете страни.

,,Ни претставува задоволство повторно да оствариме соработка со ФК Пелистер бидејќи успехот кој заеднички го постигнавме во 2017 година е нешто големо и значајно, а ФК Пелистер како тим со огромен потенцијал и многу квалитетни играчи веруваме дека истиот може да го повтори и надмине.

Веруваме и во визијата на тимот и во младите перспективни и мотивирани играчи кои знаеме дека ќе направат се за да ја исполнат.
Она кое ни е особено драго и кое не поврзува на друг начин со овој тим покрај останатото е и фактот дека се работи за тим со многу долга традиција кој потекнува од градот Битола, исто како и Стопанска банка а.д. Битола. Постоејќи повеќе од 70 години и Стопанска банка а.д. Битола и ФК Пелистер на некој начин претставуваат обележје, симбол на градот.‘’, се вели во соопштението на Стопанска банка а.д. Битола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk