logo
logo
logo

Стонс потпишува нов петгодишен договор вреден 39 мил.фунти!

Vecer | 27.04.2021

Стонс потпишува нов петгодишен договор вреден 39 мил.фунти!

Централниот бек Џон Стонс е во преговори со Манчестер Сити за нов договор на пет години вреден неверојатни 39 милиони фунти, пренесува „Сан“! Со тоа англискиот репрезентативец ќе заработува по 150.000 фунти неделно. Инаку Стонс е стандарден во екипата на Сити, а дојде во 2016 година од редовите на Евертон. Ова е нов чекор на Сити да го задржи костурот на екипата, а пред неколку недели и Кевин де Брујн го продолжи договорот до 2025 година со што доби покачување на неделната плата на 300.000 фунти со што стана еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.
Договорот на Стонс истекува во 2022 година, а Сити му нуди нов, подобрен петгодишен договор кој најверојатно англискиот репрезентативец ќе го прифати.
Сити е блиску до петтата премиерлигашка титула, а утре го игра првиот полуфинален дуел со ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk