logo
logo
logo

Стојоски не обезбеди пласман во полуфиналето на 400 метри во Полска

Vecer | 05.03.2021

Стојоски не обезбеди пласман во полуфиналето на 400 метри во Полска

Во трката на 400 метри нашиот единствен преставник на Европското првенство во сала за Сениори во Полска, Јован Стојоски кој настапи денес на првиот ден од Првенството во утринската сесија во втората од вкупно девет групи од квалификациите со резултат 48.60 се пласираше 6ти во својата група.

Тој во трката успешно го одржуваше 4тото место се до моментот кога имаше судир со Бенат Лоренцо атлетичарот од Италија кој му ја наруши рамнотежата по кое Јован не успеа да го задржи својот ритам.

На ова првенство требаше да настапи и Дарио Ивановски, но поради позитивен тест на коронавирус, не отпатува во Полска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk