logo
logo
logo

Стојановски: Мотивот е на високо ниво, спремни сме за новите предизвици

Vecer | 22.03.2021

Стојановски: Мотивот е на високо ниво, спремни сме за новите предизвици

Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски е во составот на македонската репрезентација за претстојните квалификациски натпревари за СП 2022. Напаѓачот на Шамбли ги пофали Романците кои, за разлика од нас,  нема да играат на ЕП 2020 меѓутоа поседуваат огромен квалитет.

Многупати докажавме дека можеме да се надигруваме со сите селекции, без разлика на нивниот квалитет и ранкинг. Во нашата селекција владее одлична атмосфера, по успешните квалификации за ЕП, и затоа мислам дека сме подготвени за претстојните три натпревари од квалификациите за СП. Кај нас мотивот секогаш е на високо ниво. Без разлика што Романија нема да игра на ЕП, поседува многу квалитет во својот ростер и сигурен сум дека ќе биде одличен натпревар. По нашиот пласман на ЕП, сега сите репрезентации ќе нè гледаат со поинакви очи“, рече младиот голгетер.

Мечот со Романците го играме на 25 март во Букурешт.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk