Стоилов: Титулата ми е слатка, и не си одам од Вардар!

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов крена нов трофеј во „црвено-црниот" дрес, Полесно од очекуваното, лесно и доминантно, најтрофејниот македонски ракометен тим донесе нов лигашки пехар во своите витрини, а и покрај „прошетката" на тимот во првенството, титулата е слатка.

„Моменталната состојба во лигата е таа. Последните години Металург беше противник, а сега и таму ситуацијата не е сјајна. Како и да е, титула си е титула, слатка ни е и ни значи. Порано беше многу потешко, а сега полесно си ја остваривме целта", изјави Стоилов.

Многу шпекулации кружат околу името на капитенот на Вардар, но тој демантира преселба од Скопје и потенцира дека има нов договор со клубот на уште две години.

„Тоа е се „жолта штампа". Нема ништо околу тоа. Продолжен ми е договорот на две години и тука сум. Сега следи предизвик во Купот на Македонија и Келн. Сакаме да ги овсоиме двете титули и да ги радуваме луѓето кои не сакаат", дециден е македонскиот репрезентативец.

За Вардар ова беше 12. трофеј во клупската историја. Воедно, тимот стана и првиот кој четири години по ред се радува на трофеј во првенството.

Поврзани

Најнови вести

Коментари