Не во Ливерпул, туку во Тотенхем. Станува збор за Стивен Џерард, играчката легенда на “редси“ кој сега прави чуда како тренер на Глазгов Ренџерс. Утринава доаѓа веста од Островот дека Даниел Леви, првиот човек на “спарси“ има намера да го менува Жозе Мурињо со Стивен Џерард, идеја која на екс капитенот на Ливерпул и тоа како му се допаднала.

Посебно ако се знае дека во наредните најмалку две сезони, тренерското столче на Ливерпул ќе биде зафатено од страна на Јирген Клоп, кој не крие дека има намера да го одработи договорот до крај со клубот од „Енфилд“, до јуни 2024 година.

Сепак останува да се види како ќе се одвиваат настаните претстојното лето. Прво дали Леви ќе му врачи отказ на Жозе а со тоа да плати најмалку 30 милиони евра, а потоа дали Џерард и официјално ќе каже “ДА“ ако знае дека со тоа веројатно ќе ги урне сите мостови кои го поврзуваат со Ливерпул, чиј навивачи веќе го гледаат својот Стиви како стратег на “редси“.

 

sportmedia.mk