Унгарија

Стине Офтедал три години во Ѓер

Покрај голманката Кари Гримбсо и десниот бек Нора Морк, во унгарскиот ракометен шампион Ѓер ќе игра уште една норвешка репрезентативка. Стине Офтедал, која на крајот на сезоната заминува од Иси Париз и во следните три сезони ќе го носи дресот на Ѓер.

-Мојот сон се оствари, бидејќи Ѓер е еден од најдобрите тимови во Европа многу години наназад и тоа што добив понуда многу ми значеше. Беше лесна одлука и едвај чекам да почнам со работа во Ѓер. Возбудена сум, но и по малку нервозна, што е природно кога се работи за трансфер во ваков клуб. Никогаш досега не сум играла во Лигата на шампионите. Знам дека во Ѓер се игра поинаков ракомет, отколку во мојот досегашен клуб, но подготвена сум. Другите Норвежанки ми кажаа убави зборови за тимот и за градот. Очекувам да освојам многу титули со Ѓер – изјави Офтедал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари