logo
logo
logo

Стигна новиот Ферари SF21 со целосно редизајниран мотор (ФОТО)

Vecer | 10.03.2021

Стигна новиот Ферари SF21 со целосно редизајниран мотор (ФОТО)

Еден од најпопуларните Формула 1 тимови низ историјата, Скудерија Ферари, денеска го претстави новиот болид за следната сезона, моделот SF21 со кој Карлос Саинц и Чарлс Леклер ќе се натпреваруваат во текот на сезоната 2021. Нови линии, целосно редизајниран мотор треба да не натераат да заборавиме на сезоната 2020 и Ф1 да добие нова конкурентност во Ферари оваа година.

На естетско ниво, новиот модел на Ферари раскинува со некои класични карактеристики на нивните досегашни болиди, особено околу боите. Што се однесува до аеродинамиката, новиот нос се издвојува со оригинален дизајн кој не го имитира „тесниот“ на Мерцедес, нешто што е тренд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk