logo
logo
logo

Стигна лоша вест за навивачите на Ливерпул

Vecer | 30.11.2024

Стигна лоша вест за навивачите на Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате, ги урна надежите на навивачите на клубот дека ќе може да настапи на дербито против Манчестер Сити во недела.

Тоа дојде со објавата на францускиот дефанзивец на социјалните мрежи во која потврди дека е повреден по победата од 2-0 над Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Полошата вест е што играчот ќе биде надвор од терените не само за викенд, туку барем уште неколку недели.

„Толку е разочарувачки да се добие оваа повреда веднаш на крајот од одличниот натпревар во средата. Сега го започнувам процесот на опоравување, но едно ветувам – ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар што можам. Ви благодариме за вашата неверојатна поддршка на Енфилд. Со Божја волја да продолжиме вака и ќе ја поддржувам екипата во континуитет“, пишува Конате.

Медиумите на Островот пренесуваат дека 25-годишниот дефанзивец ќе отсуствува околу 5-6 недели, а доколку тоа се потврди, тој веќе ќе го одигра последниот натпревар оваа година.

Ова е лоша вест за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, за кого Конате е цврст стартер и игра многу солидно. Французинот во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања забележа 18 настапи, 2 гола и 1 асистенција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk