logo
logo
logo

Стефан Ристовски: Лихтенштајн ќе падне само ако одиграме како што треба!

Vecer | 28.03.2021

Стефан Ристовски: Лихтенштајн ќе падне само ако одиграме како што треба!

Заменик капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски е еден од оние без кој не се може во А – тимот. И не само поради своите фудбалски квалитети кои се неспорни, туку и поради тоа што со својата мотивираност, борбеност, желба на секој натпревар, просто ги турка своите соиграчи кон нови победи, ги “тера“ да го дадат својот максимум за репрезентацијата на Македонија.

Нашата најдобра репрезентација веќе ги стартуваше овие квалификации за СП во Катар 2022 со мечот во Букурешт, сега на ред е дуелот со Лихтенштајн, а потоа играме и со Германија.

Ристовски е свесен дека во модерниот фудбал нема веќе лесни противници, против сите треба да се даде максимумот. Па така пред вечерашниот дуел со Лихтенштајн, тој за прилогот на ФФМ за овој натпревар, истакна:

Лихтенштајн максимално го почитуваме. Во последно време сме играле во неколку наврати. Се познаваме доволно, и нема шанси да го потцениме. Имаат тие момци квалитет за да изненадат, но сметам дека се зависи од нас. Ако ние одиграме како што треба, тогаш јасно е дека победата треба да биде наша. Јас сум оптимист како и секогаш. Само треба да се покаже на терен нашиот квалитет, како што тоа обично го прави оваа генерација на фудбалери кога игра за својата земја“ не крие нашиот десен бек.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk