logo
logo
logo

Стефан Чолаковски ја одбира Македонија

Vecer | 14.02.2021

Стефан Чолаковски ја одбира Македонија

Македонската репрзентација до 21. година, а се надеваме малку подоцна и онаа сениорската добива ново засилување од далечната Австралија.

Фудбалската федерација на Македонија односно раководните структури на У21 репрезентацијата се во завршни прегорори со играчот на Мелбурн Сити, Стефан Чолаковски да заигра за Македонија.

За наши фудбалски прилики овој тотално непознат фудбалер има 20 години и настапува за една од најдобрите екипи на далечниот континент, кој секако се знае дека е дел од конзорциумот на екипи кои се во сопственост на газдата на големиот Манчестер Сити.

Чолаковски веќе начелно се согласил да настаоува за Македонија, и секако треба да се дефинираат некои детали. Тој ќе биде од голема помош за претстојниот квалификациски циклус, кој ние го почнуваме со пријателски турнир на крајот на месец март. За вториот тим на Мелбурн Сити тој има постигнато 12 гола на четириесетина мечеви, а досега за првиот тим има забележано единаесет настапи. Неговиот договор со Манчестер Сити е до 2022 година и штотуку го продолжи, што само покажува дека клубот гледа иднина во него.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk